Излеана Злетовска Река, поплавени 40 хектари

Од:

Поради обилните врнежи дожд и надојдените води од топењето на снегот од Осоговијата, Злетовска Река денеска се излеа од коритото низводно во атарите на селата Жиѓанци, Новоселани и Лепопелци во општината Чешиново-Облешево.

Се проценува дека штетите се големи бидејќи на дел од нивите има посеано ориз, а со поплавите водата им го однела семето.

– Направивме увид на лице место и констатиравме дека 40 хектари се поплавени од надојдените води на Злетовска Река. Со првите количини на нафта кои ги добивме го саниравме коритото на Реката кај село Уларци, бидејќи минатата година таму имавме поплави, истакна Борче Сандев, преставник на општина Чешиново-Облешево по увидот на теренот.

Тој истакна дека општината ги известила Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување за поплавите во атарите на трите села, и очекуваат во текот на попладневните часови да пристигне механизацијата за да се исчисти дел од коритото и водата да се повлече во него.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам