Изјава на претседателот на НДП Руфи Османи по гласањето на изборите

Од:

Претседателот на Националната Демократска Преродба (НДП) Руфи Османи денеска го оствари своето право на глас и очекува изборите да поминат во слободна и демократска атмосфера.

– Посакувам сите граѓани да го искористат своето право и да гласаат според своите убедувања, а изборите да поминат во слободна и демократска атмосфера. Со жалење констатирам дека ОИК Гостивар е крајно политизирана. Тоа го манифестираше вчера со фалсификување на личните документи на болните и изнемоштени лица. Дел од нив ние успеавме да ги откриеме и обелодениме. Нашите политички опоненти и денеска продолжуваат со притисоци и агитација во близина на избирачките места, а има случаи на купувањето гласови, изјави Османи по гласањето на избирачкото место 0405 во ОУ „Чајле“ во гостиварското село Чајле. Од ДИК бараме, нагласи тој, да делува според законските обврски и да овозможи слободни избори.

Османи, кој е кандидат за градоначалник на општина Гостивар, гарантираше дека членовите и на НДП и неговите поддржувачи нема да бидат дел од евентуалните проблеми.

– Овие избори се предизвик и тест за институциите што треба да се положи и со тоа да бидат патоказ кон ЕУ и НАТО. Посакувам овие избори да имаат мирен, коректен и чесен исход. Нека победат кандидатите кои ја имаат поддршката на граѓаните, истакна Османи.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“