Изјава на претседателот на ДС Павле Трајанов по гласањето на изборите

Од:

Лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов по гласањето изјави дека изборите се одвиваат нормално, во исклучителна демократска атмосфера.

– Мислам дека и така ќе помине во текот на целиот ден. Во суштина денеска имаме две концепции. Граѓаните можат да бираат една концепција која што ја промовираше власта со конкретни идеи, конкретни проекти, со кандидати за градоначалници коишто долго време се подготвуваа,  а другата концепција е на опозицијата која што во основа настапуваше со дискредитација на власта без програма, без конкретни проекти и идеи, изјави Трајанов.

Според него, не е битно кој ќе победи, туку е важно  дека изборите се добро организирани, добро се подготвени и дека граѓаните ќе можат слободно да ја искажат својата волја.

– Би било добро Македонија како држава да победи денеска се со цел да добиеме позитивни критики и оценки за начинот на организирање и спроведување на овие локални избори, рече Трајанов

Тој смета, дека  опозицијата ќе се обиде да прикаже дека изборите биле нелегитимни и  дека ќе бара одржување на предвремени парламентарни избори.

– За ДС е битно што овие избори се одвиваат навистина во скандинавски стил без поголеми нарушувања, изјави Трајанов и додаде дека на три критички точки да има недоразбирање или позаострени коментари после 19 часот, тоа е Тетово, Кичевои Струга, истакна Трајанов.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“