Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски своето гласачко право за локалните избори денеска го оствари во избирачкото место во основното училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во општина Кисела Вода.
– Се надевам дека и денеска, како и минатиот пат, ќе имаме нормален изборен ден на кој граѓаните ќе можат слободно, без какви било проблеми, да го остварат своето гласачко право и да го заокружат името на кандидатот во кој тие веруваат дека ќе направи најмногу дела, изјави Груевски по гласањето.
Според информациите со кои располага, тој посочи дека изборите се одвиваат нормално со некои ситни инциденти на неколку места за што државните органи и институциите веднаш реагирале.
