Мемети: Нормално е да не го пуштат набљудувачот на Цивил во штипскиот затвор

Од:

По реакцијата на повеќемина затвореници од штипскиот затвор, кои реагираа дека им е нуден поткуп за да гласаат, екипата на Цивил се обрати до народниот правобранител Иџет Мемети.

Еве како течеше нашиот разговор со Мемети:

ЦИВИЛ: Господине Мемети, во врска со реакцијата на осудените лица во штипскиот затвор, дали ќе реагирате, со оглед на тоа што лицата тврдат дека им е нуден поткуп за да гласаат за одредена партија и претседателски кандидат?

МЕМЕТИ: Ти ништо не разбираш! Јас ги штитам човековите права. Видов дека вашиот набљудувач не бил пуштен и нормално што не бил пуштен…

ЦИВИЛ: Не се јавуваме во врска со набљудувачот, туку во врска со осудените лица…

МЕМЕТИ:  Добро, и што сакаш сега?

ЦИВИЛ: Дали ќе реагирате, дали ќе одите во штипскиот затвор да ги потврдите овие тврдења?

МЕМЕТИ: Кој сака, нека се јави на нашата отворена телефонска линија и нека пријави неправилности. Ете така. Ајде пријатно сега.

Цивил веќе објави дека дел од затворениците од штипскиот затвор биле поткупувани да гласаат за одредена политичка партија, а како награда добивале сапун, две обланди и по два брича.

До Цивил стигнаа и информации дека на затворениците им биле нудени и пари, а дел ги немало на избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“