Изјава на кандидатот за градоначалник на Скопје Коце Трајановски по гласањето на изборите

Од:

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Коце Трајановски денеска изрази задоволство од текот на кампањата што измина и додаде оти очекува доверба од граѓаните.

– Денеска е убав сончев ден во кој граѓаните на Град Скопје и на Република Македонија ќе можат да ги изразат своето право на глас. Очекувам доверба од граѓаните на Град Скопје врз основа на сето она што е направено во изминатите четири години од страна на Град Скопје, како и од она што во моментов се прави, проектите што се градат и врз основа на проектите што им се нудат на граѓаните на главниот град, рече Трајановски откако гласаше во просториите на урбаната заедница Автокоманда.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември