Изградбата на новиот мост во Сарај во завршна фаза

Од:

Градежните активности за изградба на новиот мост во Сарај се одвиваат според предвидената динамика и мостовската конструкција е во завршна фаза.

Како што соопштуваат од Град Скопје, досега се изведени двата крајни и двата средни столба во реката Вардар, поставени се бетонските носачи, изведени се двете преодни плочи и мостот е премачкан со хидроизолација. Избетонирана е и завршната плоча на мостот, како и пешачко велосипедската патека.

За завршување на мостовската конструкција треба да се постави оградата и да се асфалтира коловозот на мостот. Истовремено, се работи и на уредување на коритото, како и на расчистување на теренот (се дислоцираат светилки и инсталации) и наскоро ќе почне изградбата на пристапните сообраќајници кон мостот.

Новиот мост над Вардар во Сарај го градат екипите на градежната компанија „Гранит АД“-Скопје. Вредноста на овој проект е околу 96,8 милиони денари, средства обезбедни од Град Скопје, општина Сарај и Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан