Изградбата на новиот мост на Вардар во Гостивар ќе заврши до април

Од:

Новиот мост што се гради на реката Вардар во Гостивар, ќе биде готов до април, најави денеска гостиварскиот градоначалник Невзат Бејта, кој го посети градилиштето и го проследи почетокот на поврзувањето на двата брега.

Тој искажа задоволство од текот на работите на еден од најкрупните инфраструктруни зафати во општина Гостивар што почна минатата година.

– По 26 години демократија во општината, ова е првиот мост којшто се гради. Поврзувањето на улиците „ЈНА“ и „Живко Брајковски“ со мост изминативе години беше често пати актуелизирано и едно од решенијата беше да се изгради нов мост. Со него ќе се растоварат градските улици и ќе се обезбеди побрз проток на возила, со што ќе се избегнат честите застои низ центарот. На изградбата на мостот му претходеше уредувањето на приодите до мостот и експропријација на земјиште, што беше обезбедено со пари од општинската каса, рече Бејта.

Изградбата на „Мостот на демократијата“ почна лани во мај, кога со поставување камен темелник беше означен почетокот на работите.

Со новиот мост, сообраќајно ќе се поврзе западниот дел од градот со населбата Дутлок, селата Горна и Долна Бањица и населените места кои се на другиот брег од Вардар. Мостот, ќе биде долг 42 метри и широк 20 метри. На него ќе има четири коловозни ленти, велосипедски патеки и тротоари. Проектираната вредност на мостот е 23,6 милиони денари (околу 380 илјади евра). Финансиската поддршка е обезбедена преку меѓународна соработка со Фондот за развој на инфраструктурата на општините со седиште во Луксембург.

Би можело да ве интересира

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

ЦЈЗ Тетово ја прекина состојбата на епидемија во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

Епидемиолошкиот извештај за Гостивар ќе биде објавен на 20 август