Изградба на нова атмосферска канализација во Керамидница

Од:

Градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски заедно со градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Александар Атанасов извршија увид во градежните работи на новата атмосферска канализација на дел од улицата број 513 во населба Керамидница.

Како што соопшти општина Гази Баба, изградбата на атмосферска канализација од Дојрана до реката Вардар и од поранешен Пролетер до реката Вардар започна и се прави поради двете критични точки што се јавуваат при обилни дождови, од кои едната е кај Дојрана, а другата е на булеварот „Александар Македонски“ меѓу хотелот „Континентал“ и семафорите кај Автокоманда.

Со изградбата на овој атмосферски колектор ќе се заокружи колекторскиот систем од Дојрана до реката Вардар и од Пролетер до Вардар. Должината на овој зафат е 550 метри, а рокот за изградба е 60 дена.

Инвеститорот на проектот е ЈП „Водовод и канализација“ и за неговата реализација се издвоени околу 25 милиони денари, а на терен работат екипите на БАУЕР БГ.

Поради градежните работи на улицата број 513 низ населбата Керамидница, сообраќајот е затворен.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош