Изградба на комунална инфраструктура во етно-винско село Клисура

Од:

 Центарот за развој на Вардарски плански регион во соработка со oпштина Демир Капија, почна со реализација на проектот за изградба на дел од комуналната инфраструктура во етно-винско село Клисура.

Како што информираа денеска од Службата за односи со јавноста при демиркаписката општина, проектот стартуваl со изградба на дел од системот за водоснабдување како прва фаза.

– Инвестицијата опфаќа изградба на каптажа, водоводна линија од каптажата до селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили) и изградба на водоводна мрежа во селото со изградба на пропратни објекти (шахти за воздушни и испусни вентили), соопштија од општината.

Средствата се обезбедени од буџетот на општина Демир Капија и Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој, преку Центар за развој на Вардарски плански регион.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси 71-годишен маж, предизвикал пожари во Демиркаписко

Срби на пат кон Грција, ќе загинеле во сообраќајка кај Демир Капија

Горан Наумовски

Нормализиран e сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица

Земјотрес почувствуван вчеравечер во Демир Капија

Починат српски државјанин пронајден во Демиркаписко, телото на обдукција

Притворен маж од Демир Капија, сопругата го пријавила за физички напад