Изградба на атмосферска канализација на главната улица во Гевгелија

Од:

На главната сообраќајница во Гевгелија, улицата ,„7 Ноември“ почна изградбата на атмосферска канализација на делот од мостот над одводниот канал „Рауљ“ до крстосницата со улицата која води до општинскиот затвор.

– Канализацијата се гради на источната страна од улицата, во должина од 620 метри, а ќе чини повеќе од 7 милиони денари, велат од општината и посочуваат дека ова е најкритичниот дел од оваа улица кој секогаш се поплавувал при пообилни врнежи од дожд.

Претходно беше поставена атмосферска канализација на оваа улица почнувајќи од зградата на ЈП за водостопанство „Јужен Вардар“ до кружниот тек кај поранешна „Алатница“ така што ова претставува продолжување на атмосферската канализација по целата должина на главната сообраќајница во Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно