Изгореа три автомобили на улицата „Орце Николов“ во Скопје

Од:

Вчера на улицата „Орце Николов“ во Скопје, додека Н.М.(30) од Гевгелија го стартувал неговото патничко возило „рено меган“, настанал пожар, информира МВР.

Од пожарот биле зафатени и патничко возило „фолксваген голф 6“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.А.(19) од Скопје и патничко возило „рено клио“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(68) од Скопје.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. Случајот бил пријавен во полиција синоќа, во 18:20 часот, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип