Изгореа помошни објекти и сточна храна во пожар во Доброшане

Од:

Помошни објекти и сточна храна изгореле во пожарот што се случи вчера во атарот на кумановското село Доброшане кај регионалниот пат Куманово – Свети Николе, информираа денеска од кумановската територијална противпожарна единица (ТППЕ) чии пожарникари со три противпожарни возила го гаснеле пожарот од 13:10 до 18:10 часот.

Според ТППЕ Куманово, од каде го пријавиле пожарот во СВР Куманово, целосно изгореле помошните објекти, но биле спасени 450 овци.

По наредба на кумановското Основно јавно обвинителство увидна екипа на СВР Куманово излегла на терен и според првичните податоци, во пожарот изгореле 30 тони жито, 1.200 бали овес, околу 1.000 бали сено и 900 бали слама.Објектот, сопственост на 33 годишен кумановец, бил со површина од над 400 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски