Изгореа над 12 хектари борова шума во Кочанско

Од:

Повеќе од 12 хектари борова шума изгореа во атарот на кочанското село Пресека, на падините на Осоговските Планини.

Пожарот што избувнал синоќа се уште не е изгаснат, а противпожарните екипи се соочуваат со силен ветер и тешко пристапен планински терен.

– Во гаснењето се ангажирани две наши одделенија со десет пожарникари и три возила, а ни помагаат и вработени од шумското стопанство „Осогово“. Огнот брзо се шири поради сувата вегетација и главна цел ни е да го спречиме проширувањето на буковата шума, поради што интервенираме повеќе од 12 часа. Поголем дел од пожарот веќе е локализиран и ставен под контрола, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица од Кочани.

Според Паунов, се работи за подметнат пожар поради кој е предизвикана огромна материјална штета, а за што се известени и надлежните инспекторски и истражни органи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он

Уапсен е пироман од Флорида кој подметна пожар во кој изгореа 12 луѓе

А1он

Пожар во болница, загинаа најмалку шест пациенти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Украина и Русија со различни „приказни“ за пожарот во една од најголемите руски рафинерии, во Јарослав

Алиу: За два дена над двесте прегледани лица во рамки на скринингот во Трубарево

Ангелов: Пожарот во депонијата кај Арачиново е подметнат