Изгореа лозови насади и помошни простории во Штип и Свети Николе

Од:

Во Штип и Свети Николе вчера гореле лозови насади и помошни простории. Пожарите се изгаснати од пожарникарите на Територијалните Противпожарни единици на Штип и Свети Николе.

Во билтенот на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип се вели дека вчера во 10.31 часот во ОВР Свети Николе, 40 годишен Н.Т.од Свети Николе пријавил дека околу 10.00 часот во дворот од семејната куќа запалила смет, при што огнот се проширил на соседната парцела и биле опожарени лозов насад, дел од кровна конструкција од помошен објект и насади со дрва, сопственост на Ѓ.Ѓ..

-Повредени лица нема. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат. За настанот бил известен јавен обвинител и бил извршен увид од увидна екипа од ОВР Свети Николе. По целосно документирање на случајот ќе биде понесена соодветна пријава, се вели соопштението од СВР Штип.

Пожарот во Штип се случил вчера, а во 11.40 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 11:20 часот на место викано „Дузлачки рид“ во Штип бил опожарен лозов насад, во сопственост на 72-годишната Љ.Т. од Штип. Повредени лица нема. Од екипа од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат.

Би можело да ве интересира

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски