Изгореа 2,5 хектари багремова шума во Kрива Пaланка

Од:

Околу 2,5 хектари багремова шума изгореа вчера близу населеното место Домачки Дол кај Крива Паланка.

Како што информира територијална противпожарна единица која интервенираше веднаш за локализација на пожарот, во опасност биле и 40-тина кошници со пчелни семејства кои се наоѓале во непосредна близина.

– Со екипа од едно возило и двајца пожарникари за три минути излеговме на терен по дојавата за запалена листопадна шума во месноста „Златина падина“, близу Домачки Дол. Пожарот кој зафати поголема површина, го гасневме заедно со подрачната единица на Јавното претпријатие „Македонски шуми“, шумското стопанство „Осогово“ и десетина жители од месното население, изјави Иле Коцевски, командир на територијална противпожарна единица Крива Паланка.

Според него, станува збор за опожарен сув багрем кој е многу горлив и лесно запаллив. Поради опасноста од повторно разгорување на пожарот екипи на шумското стопанство „Осогово“ дежураа на терен.

Ова е 14-та интервенција на пожарникарите од Крива Паланка во август годинава.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија