Изгоре викендичка во Моклиште кај Кавадарци

Од:

Ноќеска изгоре викендичка во викенд населбата Моклиште кај Кавадарци. Информацијата ја потврди кавадаречката територијална противпожарна единица. Пожарот избил околу полноќ. Околу три часа се справувале со огнот.

– Интервениравме со две противпожарни возила и тројца пожарникари, а на помош ни дојдоа и едно возило со тројца пожарникари од компанијата „Кожувчанка”. Се работи за тешко пристапен терен, угорнина, па моравме линијата за гаснење да ја поставуваме преку река и на оддалеченост од околу двеста метри, информираат утрово од Теритиријалната противпожарна единица.

Се утврдуваат причините за пожарот и материјалната штета.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени