Изгоре викендичка во Леуново

Од:

Изгоре викенд куќа во селото Леуново. Во пожарот кој избувнал утрово, нема повредени. Причините за опожарувањето ќе се испитуваат наверојатно утре, првично станува збор за дефект на оџак.

Од СВР Тетово потврдуваат дека утрово околу 6 часот, скопјанецот М.З. (51) пријавил дека во викендичката во која престојувал, инаку сопственост на неговата мајка избувнал пожар.

Набрзо по пријавувањето интервенирала екипа на противпожарната единица од Гостивар и која го локализирала огнот.

Причините за настанувањето ќе се бараат и утврдуваат по увидот кој ќе се изврши откако ќе се обезбедат услови.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски