Изгоре плевна во крушевско село, штетата 15.000 евра

Од:

Околу 600 бали и седум кутии тутун, 25 вреќи жито, 200 бали сено и слама, делумно изгорен трактор „ИМТ 542“, патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, биле зафатени со пожар во плевна во крушевското село Нерово.

Како што соопшти МВР, плевната е сопственост на С.Ј.(63), а пожарот е пријавен вчера попладне. Од него испукале и стакла од два прозора на куќата до плевната. Материјалната штета се проценува на 15.000 евра.

Во 19 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица – Крушево и Територијалната противпожарна единица – Кривогаштани. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. Им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Најмалку 16 лица загинаа во пожар во дом за стари лица во Индонезија

Горан Наумовски

Голем пожар во Хрватска, гори објект со опасни материјали, граѓаните добија предупредувачки пораки среде ноќ

Горан Наумовски