Изгоре куќа во скопско, опожарени и помошни простории и кров

Од:

Една куќа целосно изгоре во пожар, во кој биле зафатени уште три помошни простории на две други куќи и кровна конструкција на уште една куќа во скопската општина Гази Баба. Во пожарот нема повредени.

МВР соопшти дека вчера околу 10:30 часот во Скопје, на ул.„Трајко Китанчев“ во куќата сопственост на А.А.(42) од засега непознати причини избувнал пожар најпрвин во помошната просторија, а потоа ја зафатил куќата која што целосно изгорела. Во пожарот била зафатена и помошна просторија сопственост на З.А.(54), две помошни простории кои биле целосно изгорени сопственост на С.С.(82), како и кровна конструкција од куќа сопственост на Б.К.(63).

Пожарот го локализирале пет возила на екипи на противпожарната Бригада за противпожарна заштита.

Увидна екипа од СВР-Скопје излегла на местото на настанот, извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија