Изгоре куќа во Скопје

Од:

Противпожарната единица на Град Скопје ноќесна интервенираше на гаснење на пожар во куќа на булеварот ,,Македонска бригада 3″ во Скопје. Пожарот зафатил куќа, при што се опожарени 40 квадратни метри и според првичните проценки предизвика е материјална штета од еден милион денари.

Пожарот бил гаснат од 20,35 до 2,15 часот изутринава. Интервенирано е со 6 возила и 12 пожарникари.

Од МВР информираат дека сопственикот на куќата О.Е. (62) бил приведен затоа што им ја попречувал работата на пожарникарите.

„Бидејќи сопственикот, кој бил под дејство на алкохол и го нарушувал јавниот ред и мир и им ја попречувал работата на припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, бил приведен во Полициската станица Аеродром. Увид на местото ќе се врши во текот на денот“, соопштија од МВР.

Би можело да ве интересира

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он