Изгоре куќа во Речица, Кумановско

Од:

Момчило Стефановски, 55-годишен самохран родител од кумановското село Речица, невработен, татко на лице со попреченост, денеска преку медиумите, побара помош од граѓаните и институциите за сместување, откако во пожар што избувна вчера попладне изгоре објектот кој му го отстапиле за живеење „Македонски железници“.

Стефановски 16 години живеел во поранешната железничка постројка „Карпош“ над село Речица. Пожарот избувнал околу 14 часот, а како што информираше командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски го гаселе екипи на противпожарната единица се до четири часот утрово.

– Секоја година се бориме во ова време со палења стрништа, овој пат не успеавме, се што имав се изгубив. Се мачев и јас и екипите на противпожарната единица, помагаа и од Македонски железници, но попусто, се отиде во неповрат, изјави Стефановски.

Прва помош за Стефановски пристигна денеска од Црвениот крст, каде што и самиот волонтира.

– Донесовме пакети со храна, вода, хигиенски прибори, церада. Ќе продолжиме со пружање помош и во иднина, рече Бојан Петровски, лекар од мобилниот тим на Црвен крст Липково.

Стефановски апелираше до граѓаните и институциите да му помогнат, нагласувајќи дека во моментов најпотребно му е сместување за него и синот, лице со попреченост.

Во пожарот изгореле и мини-столарска работилница во која Стефановски самостојно работел, живина, како и домашни миленичиња.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Уште чади кај запалениот објект во Трубарево, повторно горело во Дрисла

Катерина Ѓуровски

Скопјани и утрово се разбудија во силна, непријатна миризба

Тошковски: Нема радијациско зрачење од пожарот во Трубарево, а над 400 метри од центарот на жариштето не е измерена загаденост

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје

Се делат заштитни маски во Трубарево, приведен сопственикот на фабриката

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС