Изгоре куќа во Делчево

Од:

Попладнево изгоре куќа во Делчево во малото Пустевски ендек, дом на тричленото семејство Мустафови.

Командирот на ТППЕ Делчево, Јонче Атанасовски информира дека пожарот бил пријавен околу 18:45 часот при што е интервенирано со три противпожарни возила и 10 пожарникари.

– Успеавме за еден час да го локализираме пожарот. Станува збор за пожар којшто зафатил стар објект прилепен на други градби, односно приспособена куќа за домување. Во овој реон има и отежнат пристап за гаснење, тесни улички, населба од збиен тип, но не дозволивме да се прошири пожарот на соседните куќи, рече Атанасовски.

Според првичните сознанија, пожарот настанал од неисправна електрична инсталација.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Многу е важно да се гради Македонија насекаде, не е важно кој градоначалник од каде е

МВР поднесе кривична за директор од Делчево, им дозволил на вработените да возат нерегистрирани возила

Приведена 76-годишна жена од Делчево за предизвикување пожар

Катерина Ѓуровски

Избувна пожар во помошен објект во Делчево

Горан Наумовски

Кривична за маж од Делчево, предизвикал пожар од невнимание

Mаж од Делчево ја претепал сопругата