Изгоре црква во Богданци

Од:

Денеска претпладне избувнал пожар во црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Богданци, пренесува телевизијата „24 Вести“.

Огнот избувнал во внатрешноста на црквата и за кратко време се проширил на покривната конструкција.

Свештениците и месното население кое дошло на помош успеале да ги спасат сите икони од црквата, но не и останатиот инвентар, кој изгорел.

Во гасењето на пожарот учестувала екипа на гевгелиската противпожарна бригада, а покрај месното население, помогнале и учениците од гиманзијата што се наоѓа во близина.

Причините за избувнувањето на пожарот засега се непознати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени