Изгласани измените на Кривичниот законик

Од:

Собранието на Република Македонија попладнево во рамки на 12-тата седница го усвои Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, по скратена постапка.

Заменик министерот за правда Билјана Бошковска Бришковски истакна дека основна цел на измените на постоечкиот  Кривичен законик е да се зајакне системот на национална безбедност и борбата против глобалните закани, особено тероризмот, а следи по извештаите на повеќе меѓународни организации за злосторствата, масакрите, киднапирања и етничкото чистење што го спроведуцваат џихадистите на Исламската држава во Ирак.

Имено, појасни таа, се допрецизира постоечкото кривично дело кое се однесува за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формацииследи.

– Со измените се предлага, тој што спротивно на закон создава, организира, регрутира, превезува, организира превоз, опремува, обучува или на друг начин подготвува лице или група за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи или поединечно, надвор од територијата на Република Македонија, да биде казнет со затвор од најмалку пет години. Со казна затвор од најмалку пет години ќе биде казнет и оној  кој директно или индиректно, нуди, дава, обезбедува, бара, собира или прикрива финансиски средства, фондови, материјални средства или опрема коишто ќе бидат наменети за извршување на кривичното дело од ваков тип.

Санкционирањето на државјаните на Република Македонија,  кои спротивно на закон ќе учествуваат или ќе се обучува од страна на странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации, организирани групи кои, надвор од територијата на Република Македонија, ќе се соочат со затворска казна од најмалку четири години.

Казна со затвор од најмалку четири години ќе следи и за тој што спротивно на закон на собир, преку пишан текст, со аудио – визуелни снимки, преку социјалните мрежи или со било кој друг облик на комуникација ќе повика на ширење или ставање на кој било друг начин на располагање на јавноста порака, или врбува или поттикнува друг на извршување на погоре наведените кривични дела. Со измените ќе биде казниво и помагањето како и обидот за извршувањее на овие дела.

Како што наведе заменик министерката за правда, Кривичниот законик допрезицира и дека за ова дело нема да бидат казнети лица имаат државјанство на државата во чии регуларни воени или полициски формација учествуваат, или е член на воени или паравоени формации или полициски сили кои се под контрола на меѓународно признати влади или меѓународни организации.

– Со овие измени очекуваме дека целосно ќе се заокружи законската регулатива, а на службите надлежни за националната безбедност ќе им бидат ставени на располагање многу помоќни и посоодветни алатки за борба против глобалните закани и безбедноста, посебно во делот на борбата против тероризмот, рече Бошковска – Бришковски.

Пратеникот Павле Трајанов поддржувајќи го законот, посочи дека е добро што се носи сега иако тоа можело да се направи и порано. За справување со екстремниот верски радикализам, кој е, вели, своевиден вирус кој од Сирија се шири насекаде, потребна е стратегија, како и силна превентивна активност со вклучување на семејството и образовните иснтитуции за да се спречи наши граѓани да заминуваат на туѓи боишта.

– Освен измените во законикот неопходна е сеопшта стратегија за превентиво делување на сите субјекти овде и пошироко. Потребна е балканска стартегија за заедничко дејствување, рече Трајанов.

Пратеникот Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ поддржувајќи го законот, рече дека е еден од поважните кои Собранието треба да ги донесе оваа година, бидејќи се однесува на справување со исламскиот радикализам како глобален предизвик.

– РМ досега има девет регистрирани државјани загинати. Ако ја имаме бројката од 10 државјани кои загинаа досега во судирите во Сирија или Ирак тоа значи дека има меѓу 25 до 30 ранети во судирите. Тоа значи дека бројката на тие кои заминале од екстремистички побуди во Сирија е многу поголема. Но факт е дека не е изолирана појава. Во Босна има регистрирано 11 загинати, од Албанија има 10, од Косово има девет. Има, исто така заминати од Германија, Велика Британија од Франција, рече Ѓорчев.

Според него, она што особено загрижува е што овие државјани на РМ се заминати во Исламската држава – најекстремните и најрадикални формации во моментов во светот кои ги извршуваат најголемите злосторства, и се закана за државната безбедност кога ќе се вратат дома.

Пратеничката Роза Каровска Топузова се согласи со Трајанов дека е потребно сеопфатно третирање на верскиот радикализам, кој е закана за безбедноста глобално.

– Војната во Сирија Ирак или каде било не е е наша војна и нашпите млади луѓе не треба да бидат вклучени, рече Каровска Топузова.

Во рамките на седницата пратениците ги разгледаа и усвоија Годишниот извештај за извршените ревизии и за работењето на Државниот завод за ревизија во 2013 година, Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година и Годишниот извештај за реализација на програмата за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Македонија за 2013 година.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на Собранието треба да се конституира најдоцна 20 дена по изборите

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов