Изгаснат шумскиот пожар над Битола

Од:

Околу полноќ е изгаснат шумскиот пожар над Битола во познатата Лавчанска корија во атарот на селото Лавци, информираат од Територијалната против пожарна единица (ТППЕ)-Битола и појаснуваат дека со пожарот била зафатена површина од околу 10 хектари.

– Нашите екипи десеттина часови се справуваа со шумскиот пожар над Битола, во атарот на селото Лавци. Гореше нискостеблеста шума, но за жал изгоре бор и смрека што инидицира дека станува збор за потпалување, истакна Костадин Поповски, раковидител на ТППЕ-Битола.

Локацијата кадешто избувна шумскиот пожар над Битола е позната и традиционална рекреативна зона на голем број вљубеници на планината, но по вчерашниот пожар – опустошена, нагласуваат од ТППЕ-Битола.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче