Изгаснат пожарот во скопскиот ресторан „Рагуза“

Од:

Припадници на скопската Противпожарна бригада за кусо време успеаја да го изгаснат пожарот што избувна доцна синоќа во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража на улица „Мито Хаџивасилев Јасмин“ во центарот на Скопје, спроти управната зграда на „Макпетрол“.

Засега нема инфромации за евентуални повредени лица и за причинетата материјална штета.

Според извори од Противпожарната бригада на Град Скопје, во време на избувнивањето на пожарот во ресторанот имало свадба.

Во гаснењето на огнот учествуваа неколу противпожарни возила.

Поради пожарот улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ времено беше затворена за сообраќај.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче