Изгаснат пожарот во градската депонија во Гевгелија

Од:

Гевгелиските пожарникари во содејство со комуналните работници дури денеска успеаа да го совладаат разбеснетиот оган на градската депонија против кого борбата траеше скоро три дена.

Веднаш по пријавувањето на пожарот од страна на чуварот на депонијата, пожарникарите и комуналните работници беа на опожареното место, но гаснењето се одвиваше тешко поради големата површина зафатена со оган и енормната концентрација на чад.

Денеска огнот конечно беше изгаснат со употреба на специјална пена, а комуналците и понатаму продолжија да дејствуваат со вода затоа што на некои места пожарот се уште тлее.

Поради основано сомневање дека пожарот во депонијата е намерно подметнат, денеска општина Гевгелија до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против непознат сторител за загрозување на животната средина.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

Гевгеличанец си садел марихуана во двор – доби кривична и притвор

А1он