Изгаснат пожарот на Криволак

Од:

Изгаснат е пожарот меѓу воениот полигон Криволак и месноста Теќе во близина на напуштеното штипско село Хаџи Реџепли, информира Тодорка Атанасова од Дирекцијата за заштита и спасување во Штип.

Атанасова вели дека се уште тлее на одредени делови опожарени суви смреки и трње, и оти ќе биде побарана интервенција од штипските пожарникари.

– Поради страв ветерот да не го прошири огнот ќе ја побараме интервенцијата од пожарникарите. Станува збор за непристапен терен и со оглед на тоа дека пожарот е изгаснат во овој дел нема потреба од ангажирање на канадерите, изјави Атанасова.

Градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев околу пладне ќе оди на терен да ја види состојбата по пожарот.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип