Изгаснат е пожарот на границата со Бугарија

Од:

Во близина на селото Стар Истевник, на македонско-бугарската граница, денеска целосно е локализиран и изгаснат шумскиот пожар кој избувна по удар од гром, информираат пожарникари од ТППЕ Делчево.

Во гаснењето на пожарот првпат заеднички учествуваа екипи од двете страни на границата – припадници на Територијалната противпожарна единица од Делчево, вработени од „Национални шуми“ – Подружница Голак, припадници на Граничната полиција, како и служби за гаснење од Бугарија.

– Пожарот се прошири по тешко пристапен терен. Со координирана акција и одлична соработка со екипите од Бугарија, истиот е ставен под контрола, изјавија од ТППЕ Делчево.

Од терен информираат дека навремената интервенција спречила понатамошно ширење на огнот и поголема штета врз шумскиот фонд.

Локалните власти ја оценија акцијата како пример за добрососедска соработка и повикаа на зголемена претпазливост во периодот на високи температури и грмежи.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Денес до 18 часот се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, сите се изгаснати

Активен е пожарот кај селото Неготино каде гори ниска вегетација

ЦУК: Гори ниска вегетација во атарот на гостиварското село Дебреше

ЦУК: Активен е само еден пожар на отворен простор

Изгаснат е пожарот во Слупчане, а активни се пожарите кај Богомила и кај селото Грешница

Горан Наумовски