Изгаснат пожарот кај месноста Габер во беровско

Од:

Локализиран е пожарот што вчера попладне го зафати атарот на селата Мачево, Будинарци и Владимирово.

Раководителот на подружницата „Малешево“ на „Македонски шуми“, Владо Клинчарски изјави дека пожарот е изгаснат околу еден часот по полноќ.

– Во пожарот кај месноста „Габеро“ опожарени се 15-16 хектари шумско земјиште со зафатени поединечни шумски стебла од млад црн бор и смрека, како и необработливи пасишта со стара трева. Иако во близината на пожарот имаше колиби, за среќа нема жртви и материјална штета, бидејќи не се дозволи тој да се приближи до објектите, изјави Клинчарски.

Во гаснењето на пожарот се вклучило и месното население од Мачево, Владимирово и Будинарци, како и припадници на МВР и Противпожарната бригада од Берово.

Екипи на „Македонски шуми“ – подружница Малешево утрово по направената обиколка на теренот констатирале дека пожарот е целосно изгаснат и дека нема опасност од негово повторно појавување.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче