Изгаснат пожарот кај Булачани, се интервенира во Раштак и Липково

Од:

Општина Гази Баба информира дека е изгаснат пожарот кај Булачани, а се интервенира во Раштак и Липково. Гаснењето го отежнува силниот ветер и непристапниот терен.

Пожарот во Булачани избувнал вчера, околу 12 часот и бил пријавен од жителите. Околу 13:30 часот противпожарната служба заедно со жителите пристапиле кон гаснење на пожарот, кој ја зафатил тревата и нискостеблестата шума. На гаснење на пожарот се интервенирало се до 1 часот изутринава при што тој бил локализиран, а биле оставени и дежурни луѓе за следење на состојбата.

Противпожарните екипи, екипи од Дирекцијата за заштита и спасување и од ЈП „Македонски шуми“ утрово заедно со жителите од околните населени места го гаснеле пожарот, кој се проширил кон Липково, Раштак и Булачани. Во акцијата за гасење на пожарот се ангажирани и два авиони и околу 100 луѓе.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан