Изгаснат пожар во кривопаланечкото село Трнци

Од:

Екипа на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка вчера попладне интервенирале по дојава за запалена сува трева во селото Трнци.

– Ветерот кој дуваше вчера попладне предизвикал спој на електрични кабли и искрење на истите, поради што се запалила сува трева. По дојавата во нашата служба екипа од едно возило и два пожарникара излезе на терен и за само петнаесетина минути успеа да го локализира, а брзо потоа и да го ликвидира пожарот, иннформира Иле Коцевски, Командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Коцевски потенцира дека ова не е прв случај да настане пожар од спој на жици за електрично напојување, а овојпат тоа се случило од блискиот далновод.
– Во пожарот изгорела околу 200 метри квадратни сува трева, а материјалната штета е минимална. Пожарот настанал на земјиште во сопственост на Република Макеоднија, додава Коцевски.

Ова е петти пожар во јули во кој е опожарена сува трева, а вкупно десетти во изминатиот месец на кој инетервенирале екипите на ТППЕ од Крива Паланка.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски