Изгаснат пожар на патот Велес-Градско

Од:

Со брза интервенција на Територијалната противпожарна единица од Велес попладнево во 15.20 часот целосно е изгаснат пожар меѓу патиштата на релација Велес-Градско на просторот помеѓу стариот и новиот пат-Автопатот веднаш над бензиската пумпа.

Во пожарот изгореле 200 метри сува трева и неколку дрвца на оваа локација, информираа за МИА од ТППЕ Велес, а веста ја потврдија и од ЦУК –Велес.

Пожарот бил пријавен во 14.18 часот, а изгаснат е во 15.20 часот со брза и навремена интервенција на тројца пожарникари со едно противпожарно возило од ТППЕ Велес.

Би можело да ве интересира

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски