Изгаснат пожар кај велешко Иванковци

Од:

Попладнево пожарникарите од ППЕ – Велес изгаснаа пожар под сува трева, трња и стрништа на еден километар пред селото Иванковци.

Пожарникарите апелираат до месното население посебно до земјоделците, да не палат стрништа, затоа што и безначајните пожари можат да прераснат во голема огнена стихија, а во прилог на пожарите им оди и долгата суша.

Како што информираат за МИА од ППЕ- Велес вчеравечер тие заедно со вработените од ШС „Бабуна“ од Велес го изгаснале пожарот во кој два дена гореше поголема површина под дабова шума кај селото Џидимирци. Пожарот два дена беснееше во реонот на Скопје, Свети Николе па зафати и дел од шумата и од велешка страна.

Инаку, викендот гореше поголема површина дабова шума кај велешкото село Нежилово, а во неговото гаснење беа вклучени вработените на ШС „Бабуна“ од Велес, а кои стопанисуваат и се грижат за шумите во поширокиот велешки регион.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени