Изгаснат е пожарот во зградата во Чаир, ќе се утврдува состојбата на објектот

Од:

Пожарот во зградата во Чаир е изгаснат извести Центарот за управување со кризи. Ќе се утврдува сосотјбата на зградата во чии подрумски простории избувна пожарот се вели во соопштението.

– Во 06.00 часот, денеска 03.02.2024, е добиена информација од БППЗ на Град Скопје дека пожарот се уште бил активен и на терен биле 3 ПП возила од БППЗ на Град Скопје, а околу 09.30 часот бил доизгаснат. Во моментот пожарот е комплетно изгасен, но состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ке се утврдува, се вели во информацијата од ЦУК.

Синоќа поради тешкотиите во битката со пожарот на пожарникарите на помош им дојде и едно возило на армијата. Синоќа ЦУК информираше дека гасењето на пожарот е отежнато поради големата количина чад и високата температура во подрумите на зградата во кои, како што додаваат оттаму, била складирана поголема количина запаливи материјали.

Пожарот кој почна во подриумски простории кои се користеле како магацин гори од вчера во 01.50 часот. Од обејктот беа евакуирани речиси 100 станари. 30 возрасни, 12 деца, едена пожарникар и полицаец беа однесени на скопските клиники поради труење со чад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје

Пожар од плинска боца во објект во Трговскиот центар во Кочани

А1он

(ВИДЕО) Огнена стихија во театар во Нeапол – има повредени