Изгаснат е пожарот во липковско над селата Ваксинце и Лојане

Од:

Екипите на кумановската подружница на „Национални Шуми“ го изгасија пожарот во липковско над селата Ваксинце и Лојане, што избувна пред три дена, информира денеска заменик на генералниот директор на ЈП „Национални Шуми“, Кире Михаилов.

Пред еден час, површината ја скениравме со дронови, увидовме дека нема веќе чад, ниту во внатрешноста, што значи дека може да потврдиме дека пожарот целосно е ставен под контрола, изјави Михаилов.

Тој кажа дека пожарот избувнал пред три дена во попладневните часови од „дива“ депонија кај село Ваксинце и почнал да се шири, зафаќајќи површина од околу 500 хектари, претежно сува трева, но и триесетина хектари борови култури.

– Жалам, што првично имаше мала некоординација со општинските власти меѓутоа сето тоа надмина сето тоа. За среќа, зафатена е само деградирана шума. Во справувањето се вклучија наши екипи со мала помош на ТППЕ Куманово. Веќе вториот ден во ноќта, пожарот се закани да ги зафати куќите во Ваксинце. Тука веќе се вклучи општинската администрација и тоа солидно со механизација, луѓе се што требаше. Меѓутоа веќе наредниот ден откако Ваксинце не беше веќе критично, повторно не оставија сами и нашите колеги го гасеа пожарот, изјави Михаилов.

Тој додаде дека постојано имале координација со Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување како и со ЦУК од соседна Србија, бидејќи пожарот се приближил до границата.

Би можело да ве интересира

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско

Ангелов: Активни се шест пожари на отворен простор, најкомплексен е пожарот кај Рамно во Општина Чучер Сандево