Изгаснат пожарот кој изби во близина на бензинска во Радишани

Од:

Противпожарните екипи попладнево успеаја да го изгаснат пожарот кој изби во близина на бензинска пумпа во скопската населба Радишани.

Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, спречено е ширењето на пламените јазици и поголема материјална штета.

Според информациите од терен, припадниците на противпожарната бригада пожртвувано се качувале на камиони, автомобили и на оградите во близина, со цел што побрзо да го спречат ширењето на огнот.

Пожарот изби во објект околу кој имаше бујна вегетација, а според изјави на очевидци истиот настанал од искра при сечење железо.

Граѓаните во паника ги преместуваа своите возила паркирани во близина на пожарот и бензинската пумпа, која поради навремната интервенција од службите остана надвор од дофатот на огнот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче