Издадена наредба за пронаоѓање на возачот во сообраќајката кај Радовиш

Од:

Основното јавно обвинителство од Радовиш издаде наредба за преземање дејствија за пронаоѓање на возачот кој вчера избега по сообраќајната незгода во која загинаа двајца мигранти, а повеќемина беа повредени.

Издадена е и наредба за наредба за сообраќајно–техничко вештачење на возилото, обдукција на двете починати лица, како и наредба за идентификација на останатите мигранти.

– При увидот фиксирани се пронајдените траги, местото на настанот е скицирано и фотографирано, извршен е преглед на оштетувањата на возилото со кое се пренесувале миграните и подигнати се траги од биолошко потекло, се наведува во денешното соопштение од ОЈО.

Во сообраќајната несреќа починаа двајца мигранти, шест се здобија со тешки телесни повреди и 15 со телесни повреди. До несреќата дошло кога товарното возило „ивеко“ во кое се превезувале 23 мигранти од Бангладеш и Шри Ланка излетало од коловозната лента и со предниот дел удрило во металната ограда од надвозникот.

Дел од мигрантите по укажаната лекарска помош се сослушани и сместени во Прифатниот центар во Гази Баба, а дел се задржани на болничко лекување во Клиничката болница во Штип.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски