Избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти

Од:

Попладнево избувнал голем пожар во близина на индустриската зона на Општина Василево, кој ги загрозил производствените погони, информираа вечерва од ТППЕ Струмица.

Според пожарникарите, огнот со голема брзина дошол до самите објекти и постоела голема опасност да ги зафати, посебно погонот за производство на био дизел.

-ТППЕ Струмица со четири против пожарни возила и 13 пожарникари-спасители веднаш интервенираше на местото и набргу потоа успеа пожарот да го стави под контрола и целосно да го ликвидира, стои во информацијата на струмичката против пожарна единица.

Додаваат дека екипи од пожарникари-спасители остануваат на локацијата за евентуалнио догасување на некои жаришта.

Би можело да ве интересира

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници