Избрани најдобрите фотографии од конкурсот на АРМ

Од:

Избрани се најдобрите фотографии на тема „Армијата на Република Македонија во промоција на мирот, реформите, евроатлантските интеграции и соживотот“ кои беа пријавени на конкурсот што го распиша Министерството за одбрана на Република Македонија.
arm (1)

Прво место доби фотографијата „Сонце“ на Слободан Ѓуриќ, второ место „Преживување со волците“ на Маја Златевска, а третото го делат Наќе Батев за фотографијата „Преживување со ренџери“ и Мирко Ордев за „Пречек на мировници“.

arm (4)

Пристигнатите фотографии ќе бидат дел од Монографија што ќе ја издаде Министерството за одбрана, посветена на Армијата на Република Македонија во промоција на мирот, демократијата, нејзините реформски напори и процесите за евроатлантско интегрирање, додека наградите на наградените фотографи ќе им бидат врачени на посебна свеченост.

arm (2)
Наградените фотографии и дел од останатите пристигнати на конкурсот ќе и бидат претставени на јавноста преку изложба на фотографии во функција на промоција на Армијата, вредностите и предизвиците во одбраната и безбедноста на 21 век.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски