Изборна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Од:

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС денеска ќе одржи изборна седница на Генералното собрание. Ќе се верификуваат нови членови на  Управниот и на Надзорниот одбор и ќе се изврши избор на претседателство на Заедницата.

Генералното собрание е највисокиот орган на Заедницата. Според Статутот на ЗЕЛС, градоначалниците на единиците на локалната самоуправа по функција се делегати на Собранието, а претседателите на Советите се нивни заменици. Членки на ЗЕЛС се сите единици на локална самоуправа во Република Македонија, според тоа Генералното собрание на ЗЕЛС има вкупно 81 делегат.

На Генералното собрание на ЗЕЛС ќе се избираат членови на Управниот одбор на ЗЕЛС (19 члена) и на Надзорниот одбор на ЗЕЛС (5 члена), а ќе бидат презентирани и Извештајот за работата на ЗЕЛС и завршната сметка за 2012 година.

Ќе се одржи и конститутивна седница на Управниот одбор на ЗЕЛС, на која членовите од своите редови ќе изберат претседател на УО на ЗЕЛС и двајца потпретседатели. На седницата ќе бидат изнесени предлози за статутарни измени, по што делегатите ќе дискутираат за предизвиците и приоритетите за натамошниот развој на ЗЕЛС и на процесот на децентрализација на власта во земјата.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС останува обединет

Костадинов: Требаше јас да излезам од ЗЕЛС за да почнеме сега да организираме состаноци, апсолутно не

Ѓорѓиевски: ЗЕЛС е обединет, ќе посредуваме меѓу Карпош, Струмица и централната власт

А1он

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС

Костадинов: Јавно и одлучно потврдувам дека нема да присуствувам на следната седница во ЗЕЛС

Јакимовски: ЗЕЛС е обичен партиски комитет на ВМРО-ДПМНЕ