Изборите во Кочани завршија во 21 часот и 50 минути, а ВМРО-ДПМНЕ веќе ја прославува победата

Од:

Во Кочани, во 19 часот, од вкупно 56 избирачки места беа затворени 51. Последното избирачко место беше затворено во 21 часот и 50 минути.

Избирачкото место 837  беше затворено во 20 и 25 минути,  ИМ 845 во 20 часот и 50 минути, ИМ 848 во 21часот и 50 минути , ИМ 850 во 21 часот и 25 минути и ИМ 852 во 20 часот и 25 минути.

Според неофицијалните информации што пристигнуваат од штабот на Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ и од штабот на Миле Андонов од  СДСМ, од преброените гласови во 50 избирачки места, резултатот е 11361 наспроти 9177 во корист на Ратко Димитровски и коалицијата „За подобра Македонија“.По првиот круг Ратко Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ освои 11.295 гласа, а Миле Андонов од СДСМ 10.630 гласа.

Членовите и симпатизерите на коалицијата „За подобра Македонија“ веќе ја прославуваат победата во Кочани.

Сè уште нема објавено официјални податоци за процентот на излезеност во Кочани поради недостигот на информации од петте избирачки места што беа затворени подоцна.

Она по што ќе бидат запаметени овие локални избори во Кочани е енормното големото присуство на униформирани лица од СВР-Кочани и припадници на специјалната единица „Алфи“ пред секое избирачко место , како и недостатоците во избирачкиот список, кои претседателката на Општинската изборна комисија ги окарактеризира како „технички“ .

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“