Изборите ќе ги следат 9.952 домашни и 550 набљудувачи

Од:

За следење на вториот круг од претседателските избори и предвремените парламентарни избори закажани за недела, 27 април, се акредитирани 9.952 домашни и 550 странски набљудувачи, како и 283 преведувачи.

Според податоците од веб-страницата на Државната изборна комисија (ДИК), НВО МОСТ акредитирала 2.413 набљудувачи, Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА 5.090, Здружението на граѓани за демократизација и подигнување на колективната свест „Движење ВЕПРО“ 2.321, ЦИВИЛ-Центар за слобода 113 , Здружението на граѓани-Центар за развој на медиумите – Скопје девет и Македонскиот Центар за култура и развој шест набљудувачи.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР има акредитирано 226 набљудувачи, ОБСЕ 103 набљудувачи, Парламентарното собрание на Советот на Европа 27, ЕУ – 27, амбасадите на САД – 37 набљудувачи, Шведска 13, Италија 12, Турција – 11 набљудувачи, Франција осум набљудувачи, Бугарија и Холандија по шест, Косово – пет, Словенија – четворица, Полска, Грција, Австрија, Шпанија, Германија, Словачка и Канцеларијата на НАТО по тројца набљудувачи, Хрватска, Кина, Црна Гора, Грузија и Руска Федерација по двајца набљудувачи, Швајцарија, Катар и Србија по еден набљудувач и Данската оганизација СИЛБА и Асоцијацијата за напредок едукација и лобирање НЕЛ – 31 набљудувач.

За следење на изборите акредитирани се и триесет странски новинари.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември