Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи

Од:

Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК.

Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој и човекови права АКСИОС 2017 Скопје.

Од странските, најголем број набљудувачи има Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР 195, потоа Светски македонски конгрес Скопје, Амбасадата на САД , Делегацијата на ЕУ, Делегација на ПС на СЕ …

Набљудувачи имаат акредитирано и повеќе амбасади на странски земји, како амбасадите на Руската Федерација, Франција, Велика Британија, Шведска, Унгарија, Италија, Албанија, во Македонија…

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември