Изборите ќе чинат 8 милиони евра

Од:

Финасиските потреби на ДИК за оваа година изнесуваат 8 милиони евра, од кои најголемиот дел ќе бидат наменети за подготовка и реализација на предвремените избори.

Синоќа, за само десетина минути, Државната изборна комисија, едногласно усвои одлука, при вкрстеното споредување на податоци да се користат базите на 13 институции, меѓу кои Фондот за здравствено осигурување, ПИОМ, Управата за јавни приходи, Народна банка, Катастар, Министерството за труд и социјална политика и други.

Сега се чека 4-те политички партии да ја усогласат Методологијата за прочистување на избирачкиот список, но оваа одлука и постапка е неизвесна, бидејќи СДСМ не се согласува дека до 24-ти април, може да има фер и демократски избори со прочистен список.

Од обврските од Пржино, иако и со другите се доцнеше, остануваат само избирачкиот список и регулацијата на медиумите, услови без кои СДСМ не оди на избори.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември