Избори во месните заедници во сите населени места во општина Гевгелија

Од:

Април ќе биде месец на изборни активности во месната самоуправа на општина Гевгелија затоа што од вкупно 16 населени места, месни заедници воопшто не функционираат во шест, а во останатите членовите на месните совети и претседателите се со истечен мандат, соопшти денеска службата за односи со јавноста на општина Гевгелија.

– Првите изборни собири на граѓани веќе ги закажавме. Во Милетково на 14 април ќе има избори за членови на Советот на месната заедница, а во Давидово тоа ќе се случи во недела, на 15 април. Наредните две недели изборите ќе се спроведат и во другите месни заедници со помош на формираната посебна комисија која ќе ги следи изборите и ќе им помага на месните задници со цел да се интензивираат активностите за подобрување на условите за живот, велат од општината.

Општина Гевгелија преку посебна програма ги финансира активностите на месните заедници. Пред крајот на минатата година на објавениот јавен повик аплицирале само девет месни заедници, што се вградени во општинската програма, во која се предвидени и средства за техничко опремување на седиштата на месните заедници.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно