• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Избор на стручни и компетентни лица во институцијата Народен правобранител, бара Мрежата за заштита од дискриминација

by А1он26/08/2020 - 10:4026/08/2020 - 10:40488
Share0

Мрежата за заштита од дискриминација бара од Собранието изборот на Народниот правобранител да биде еден од приоритетите на новиот парламентарен состав, да биде спроведен транспарентен и фер процес на селекција на кандидатите, ослободен од влијанието на политичките партии и да биде извршен избор на компетентен и соодветен кандидат/ка. Сметаат дека само така ќе се обезбеди независна и стручна институција која доследно и во целост ќе може да ги оствари сите свои законски надлежности за промоција, унапредување и заштита на човековите права и слободи.

Добивај вести на вибер

Потсетуваат дека вториот мандат на Народниот правобранител Иџет Мемети истекува на крајот на 2020 година, а согласно Законот за Народниот правобранител, Собранието е законски надлежно да покрене постапка за избор на нов Народен правобранител преку објавување на оглас најдоцна три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот Народен правобранител.

Од Мрежата за заштита од дискриминација информираат дека континуирано ја следат работата на Народниот правобранител и во последните неколку години имаат идентификувано повеќе пречки во нејзиното функционирање. Меѓу најгорливите, според нив, се недостатокот на рамномерна распределба на финансиски, на човечки и на технички ресурси, како и степенот на стручност и компетентност на значителен дел од кадарот.

– Последните вести кои медиумите ги пренесоа, а кои се однесуваат на работата на Народниот правобранител, односно на конфликтот меѓу Народниот правобранител Иџет Мемети и замениците-правобранители, како и на обвинувањата за омаловажување, за скратување на одморот и за одземање на други права, дури и на мобинг од страна на Правобранителот, е скандалозно и вознемирувачко. Ваквите состојби сериозно ја разнишуваат довербата на граѓаните кон институцијата и важноста на нејзината улога, стои во соопштението од Мрежата за заштита од дискриминација.

Според последниот годишен извештај на Народниот правобранител за 2019 година, од 155 работни места предвидени со Правилникот за систематизација на работните места во стручната служба, во тимот на Националниот превентивен механизам, во посебните одделенија и во канцелариите на Народниот правобранител, пополнети се само 90 места, што значи дека дури 65 работни места остануваат непополнети. Мрежата за заштита од дискриминација апелира нови вработувања да бидат спроведени во најкус можен рок и нагласува дека при постапката не смее да се дозволат какви било партиски влијанија.

Мрежата за заштита од дискриминација искажува загриженост за фактот дека иако Народниот правобранител како институција постои повеќе од 20 години, тој не успева да ги исполни меѓународно пропишаните критериуми за национални институциии за човекови права, како што се Париските принципи за национална институција за човекови права на ООН и Принципите за заштита и промоција на Омбудсманот на Венецијанската комисија.

– Да се има силна и независна институција Народен правобранител е важно и заради евроинтегративните процеси на нашата земја, затоа што ова е критериум за исполнување на основните вредности на ЕУ, за владеењето на правото и за почитувањето на човековите права. Дополнително, минатата година, Европската комисија нѐ потсети дека потребно е именување на членови на независни тела кои се засноваат врз заслуги со што ќе се осигура нивната компетентност и интегритет. Ова несомнено важи и за идниот Народен правобранител, се вели во соопштението од Мрежата за заштита од дискриминација.

naroden pravobranitel

Би можело да ве интересира

Гаши: Треба да се повтори огласот за член на Судскиот совет бидејќи има нов закон, денеска или утре ќе има решение за народниот правобранител

Катерина Ѓуровски15/01/2026 - 11:42

Гаши апелира за политички договор околу изборот на Народен правобранител

Горан Наумовски25/12/2025 - 11:41

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Горан Наумовски31/10/2025 - 11:41

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Народниот правобранител

Горан Наумовски19/10/2025 - 08:52

Левица: Државата месец дена без Народен правобранител за Вреди да инсталира партиски неподобен кадар

Горан Наумовски04/08/2025 - 12:49

Фатон Сељами предложен за нов Народен правобранител

Горан Наумовски31/07/2025 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен