Избор на финалисти за националниот натпревар „Мајкрософт офис специјалист“

Од:

Основци, средношколци и студенти на возраст од 13 до 22 години заклучно со денеска имаат можност да се изборат за учество во финалето на вториот национален натпревар – Microsoft Office Specialist на Македонија, што ќе се одржи на 31-ви овој месец во Скопје.

Во финалето ќе влезат најдобрите 40, од кои 30 на ниво на цела Македонија и 10 од Скопје, според ранг листата, меѓу кои е и минатогодишниот победник Марко Марковиќ.

Се натпреваруваат преку официјални електронски испити од Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и Power Point едиција 2013 или 2016.

Победникот во финалето со најмногу бодови и најкратко време, заминува во Калифорнија, како директен учесник на Светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist.

Спонзор на второто издание на Националниот натпревар за Microsoft Office Specialist е Стопанска банка ад Скопје, а поддржувачи се Министерство за информатичко општество и администрација на Семос Едукација, Microsoft Македонија, Здружението на информатичари на Македонија, Стопанска Банка ад – Скопје, LycaMobile, Град Скопје, Макпетрол, Масит, Инбох и Метрополис Радио Мрежа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро