Изаири на Министерска конференција на ЦЕИ во Виена

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири присуствуваше на министерската Конференција на Централно – европската иницијатива на тема “Енергетски преобразби” што се одржа во Виена.

Како што соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање, на форумот на кој учествуваа министрите надлежни за животна средина од 10 држави од регионот, се дискутираше за придонесот на регионот во борбата против климатските промени преку зголемена употреба на обновливите извори на енергија и взаемните придобивки од нивната употреба, како потенцијалот за генерирање нови работни места.

На маргините на конференцијата министерот Изаири се сретна со неговиот австриски колега, федералниот министер за земјоделство, животна средина шумарство и управување со водните ресурси Андрej Рупрехтер. – На средбата беа дефинирани следните чекори како и динамиката на соработка со цел унапредување на билатералната соработка во областа животна средина и климатски промени преку потпишување на меморандум за соработка во овие две области.

Изаири одржа средби и со хрватскиот министер за животна средина и заштита на природата, Михаел Змајловиќ, со директорот на Агенцијата за животна средина на Австрија, Џорџ Ребернинг, како и со директорот на Агенцијата за шумарство Мајкл Сутер.

Согласно препораките, идната година председавач на Централно – европската иницијатива ќе биде Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и министерот Изаири.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски